belupo
pattern-left pattern-right

ДВОЈНО
ДЕЈСТВО НА
ИРИТИРАНА КОЖА

Микрочестичките на сребро имаат двоен ефект на иритираната кожа. Благодарение на антииритантното делување, кожата се смирува, обновува и добива свеж изглед. Покрај тоа, со своите антибактериски својства, среброто делува на голем број на микроорганизми без притоа да биде нарушена природната флора на кожата. Микрочестичките на сребро го инхибираат иритирачкиот процес предизвикан од страна на микроорганизмите кои континуирано предизвикуваат иритирачка реакција на површината на кожата.

 

0.2%
НА МИКРОЧЕСТИЧКИ НА
СРЕБРО СО ВИСОК СТЕПЕН НА ЧИСТОТА

Belcura емулзијата содржи 0,2% на сребрени микрочестички со висок степен на чистота. Молекулите на елементарното сребро се карактеризираат со специфична површинска структура на чиј развој се работи повеќе од 15 години, на прочуениот Институт Франхофер во Германија.

ДЕЛУВА
НА ПОВРШИНАТА
НА КОЖАТА

Важно е да се напомене дека микрочестичките на сребро не продираат низ кожата. Благодарение на големината на своите молекули, микрочестичките на сребро делуваат само на површината на кожата. За разлика од наночестичките, кои се со многу помала големина, молекулите на микрочестичките на сребро не можат да доспеат во човековиот организам. Од таа причина, употребата на сребрени микрочестички е апсолутно безбедна, што е потврдено и во неколку клинички студии.