Правни информации
Услови за користење
При отворањето и пребарувањето на која и да е од страниците на BELCURA web страницата, ги прифаќате сите долунаведени ограничувања и услови на користењето во согласност со законите и прописите.
Со преземањето на какви и да се материјали од оваа веб страница, се согласувате со овие услови за користење. Доколку не ги прифаќате овие услови за користење, Ви советуваме да не ја користите оваа веб страница ниту не преземајте никакви материјали од неа.
Оваа веб страница ја креира и поседува BELUPO lijekovi i kozmetika d.d., Koprivnica (во натамошниот текст: BELUPO). BELUPO ја управува, врши надзор над неа и ја ажурира веб страницата BELCURA.
Информациите за BELCURА и за другите производи на БЕЛУПО, претставени на веб страницата, не треба да се сватат како понуда освен доколку изрично не е поинаку речено (на пр. Објава на службени понуди, промоциски материјали и сл.). Информациите за производите и/или работните материи, претставени на веб страницата BELCURA, се исклучиво општи иннформации за вкупниот асортиман на производи на БЕЛУПО.
BELCURA веб страницата е осмислена за да даде општи податоци, па како таква, не е надоместок за совет од стручњаци.
Информациите и сликите поставени на веб страницата BELCURA подлежат на заштита на авторските права и на други права од интелектуална сопственост. Документите објавени на овие веб страници можат да се репродуцираат само за некомерцијални и лични цели, а сите спомнати опомени кои се однесуваат на заштитата на авторските права или на други права од интелектуална сопственост, мораат да се почитуваат.
Името на брендот BELCURA и имињата на производите на БЕЛУПО, кои се појавуваат на овие страници се регистрирани заштитни знаци на фирмата БЕЛУПО и БЕЛУПО има право да ги користи нив.
Секој корисник на оваа веб страница е должен да ги почитува сите важечки закони за авторското право и правото на интелектуална сопственост.
Оваа веб страница ниту кој и да е нејзин дел не смее да се репродуцира, копира, продава, препродава или на каков и да е начин искористува за каква и да е комерцијална употреба, која не е изрично дозволена во писмена форма од страна на БЕЛУПО.
БЕЛУПО ќе преземе се што е потребно за да обезбеди точни, прецизни и ажурирани информации на оваа веб страница, но не дава никакви гаранции ниту презема одговорност во поглед на нивната точност, корисност или целосност.
Секој корисник на оваа веб страница се согласува со фактот дека ризикот во врска со пристапот и користењето на содржината на оваа веб страница се исклучиво на корисникот. БЕЛУПО со ова ја исклучува својата одговорност за секоја директна и/или индиректна штета која произлегува или би можела да произлезе од пристапот, користењето и неможноста за користење на веб страницата BELCURA како и за каква и да е грешка или пропуст во содржината на оваа веб страница.
БЕЛУПО не одговара за директна, случајна, последична, недиректна или казнена штета, која би можела да произлезе од пристапот и користењето или неможноста за користење на овие страници, односно заради каква и да е грешка или пропуст во содржната.
БЕЛУПО го задржува правото на каква и да е измена на содржината на оваа веб страница, во кое и да е време и заради каква и да е причина, без претходно известување и ја исклучува својата одговорност за можни последици од таквите измени.
Секој корисник на страниците ги користи објавените податоци исклучиво на свој сопствен ризик. БЕЛУПО и кое и да е друго правно или физичко лице, кое соработувало во изработката на овие веб страници, изрично се откажуваат од секоја одговорност за штета која може да произлезе или ќе биде поврзана со пристапот, користењето мили неспособноста за користење информации од овие веб страници и/или за каква и да е грешка или недостаток во нивната содржина.
БЕЛУПО посебно ја почитува и обезбедува заштитата и приватноста на личлните податоци на корисницте на своите веб страници во согласност со хрватското законодавство. Личните податоци што се прибираат се: име, презиме, адреса, број на телефон или електронска адреса, а тие информации корисникот ги отстапува доброволно. Таквите податоци ќе се користат со цел да се подобри веб страницата како и да може да им се излезе во пресрет на барањата од корисниците за информации достапни на веб страницата.
БЕЛУПО нема да ги продава или на каков и да е друг начин, освен горенаведениот, да ги користи личните податоци на корисниците ниту да му ги пренесува на кое и да е трето лице, без одобрение. Сите измени на политиката на заштита на приватноста на Интернет, БЕЛУПО благовремено ќе ги објави на оваа веб страница или на друг погоден начин ќе ги направи достапни.
БЕЛУПО не е е запознат со содржината на мрежните страници на трети лица кои содржат линкови на веб страницата BELCURA , па не презема никаква одговорност за тие содржини, ниту за содржините на кои и да се други поврзани страници. Корисниците што го сакаат тоа, можат да се поврзат само со почетната страница на веб страницата BELCURA. Корисниците не можат да се поврзат со ниедна друга страница без претходно писмено одобрение од БЕЛУПО.
БЕЛУПО може во секој момент и без претходна најава да ги ревидира овие правни информации и услови за користење со ажурирање на оваа објава.
Промените се обврзувачки за корисниците, заради тоа е препорака до сите корисници редовно да ги следат промените на правните инфорамции и услови на користење.