Belcura емулзијата овозможува оптимална хидратација на сувата и иритирана кожа. Комбинацијата на хидрофилни и хидрофобни компоненти, овозможува два начина на хидратација на Belcura емулзијата.
Изразено силните хидрофилни супстанции, како лактати и глицерин, ги абсорбираат молекулите на вода и даваат природна влажност на кожата, додека пак хидрофобните липиди формираат заштитен слој на површината на кожата, намалувајќи ја загубата на влажноста на кожата. На тој начин се спречува губиток на вода низ епидермот и се овозможува обновување на природната бариера на кожата.
Активните компоненти во Belcura емулзијата, Церамиди III и Л(+) – млечната киселина ја потенцираат стабилноста на липидната бариера, со што се подобрува нивото на влажност на кожата и се зголемува нејзината севкупна отпорност и еластичност. Церамидите III исто така го потпомагаат растот на клетките на кожата, што допринесува за побрзо обновување на сувата кожа и нејзината структура.